Search

Алијанса за Албанците:Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата

Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак, Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата.

Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на АА – Зиадин Села ноќта на 27 април, за нас како Алијанса за Албанците претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред се физичката ликвидација на Зиадин Села.

Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот Тероризам и истиот да се поистовети со групата која тепаше   пратеници во Собранието на РСМ.

Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со кој што се обидува да се зачува етничкиот “баланс” кон останатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27-ми април.

Фета Алими денес требаше да биде награден од страна на државата, кој успеа да спаси човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зиадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние кои што ги видовме на телевизиските екрани, како ги удираа со тврди предмети пратениците на кобната вечер од 27-ми април.

Изразуваме длабоко жалење за политичкото  и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност.

Треба да знаете
Последни објави