Search

Алиша Викандер има строго правило во врска со снимање секс-сцени

Алиша Викандер во интервју за Harper’s Bazaar UK отворено зборува за снимањето на сцени во кои има секс и е категорична дека таквите сцени никогаш не треба да бидат ништо друго освен „технички“.

Оскаровката тврди дека таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторувања.

Според Cosmopolitan, на долгиот список работи што веројатно се прилично непријатни е да бидете актер и да снимате секс-сцени во просторија полна со странци. „Се чини дека второво е на врвот на списокот. Но, не би требало. Снимањето на секс сцена треба да биде како снимање на било која друга сцена: професионално, технички и, пред сè, безбедно.“

Во интервју за британскиот магазин Harper’s BazaarАлиша Викандер одговараше на прашања поврзани со нејзиниот нов филм Earthquake Bird во кој има сцена со „интензивен“ секс, како што вели авторот на текстот во магазинот.

За време на интервјуто, актерката добитник на Оскар истакна дека е важно интимните сцени да бидат чисто технички. И, очигледно, таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторување, и така сите, целиот екипаж  ќе бидат ефикасни.

„Мојата прва секс сцена беша кога имав 20 години и тоа секогаш беше технички, како што треба да биде“, рече таа, додавајќи дека не треба да има повторувања на кадрите.

 

Треба да знаете
Последни објави