Search

„Алиталија” откажа над 300 летови поради штрајк

Италијанската авиокомпанија „Алиталија” откажа повеќе од 300 летови поради штрајк на пилотите и стјуардесите, соопшти авиопревозникот.

– Поради 24-часовниот штрајк што го објавија некои италијански синдикати на вработените од тој сектор, што се одржува на 21 мај, „Алиталија” е принудена да откаже половина од летовите за овој датум, се прецизира во коминикето.

Над 300 летови – главно домашни и меѓународни, се откажани, а некои од нив биле во распоредот за синоќа, а други се предвидени за утре рано изутрина. Во исто време штрајкуваат и вработени во неколку аеродроми во Италија.

Треба да знаете
Последни објави