Search

Алиоски и соиграчите спасија 272 вработени во Лидс

Пандемијата го отежна функционирањето на сите клубови ширум светот. А приходите од влезници и реклами преку ноќ исчезнаа, па единствен начин да се обезбеди нормално функционирање на играчите ед да се намали нивната плата.

Фудбалерите, стручниот штаб и менаџерскиот тим на англискиот второлигаш Лидс, за кој игра Езџан Алиоски, се согласија во следниот период да земаат помали плати, со цел сите 272 вработени во клубот кои не се директно поврзани со првиот тим, да добијат плата.

„Лидс јунајтед може да потврди дека играчите, тренерите и раководството се согласија да примат помала плата, за да се гарантира дека сите клуба, ќе си ги земат платите во овие несигурни времиња. Лидс е семејство, култура која е создадена од сите во клубот“ – велат од Лидс.

„Моите фудбалери покажаа неверојатно чувство на заедништво. Марсело Биелса, неговите играчи и соработници заслужуваат почит“, кажа директорот на клубот Виктор Орта.

Треба да знаете
Последни објави