Search

Алиоски и Лидс минимално славеа на ,,Гудисон парк”

По серија од три меча без победа, фудбалерите на Лидс Ј. предводени од Марсело Биелса вечерва славеа голема победа на гостувањето на „Гудисон Парк“ против Евертон од 1:0. Тимот на нашиот репрезентативец Џани Алиоски, успеа да ги совои трите бода благодарение на еден индивидуален потег на Рафиња, кој во 79. минута погоди од далечина во мрежата на Пикфорд и му донесе водство и победа на Лидс, која за гостите беше четврта оваа сезона.

Алиоски ги одигра сите 90 минути во победата на неговиот тим и повторно беше еден од најдобрите на теренот. Алиоски дури и доби шанса да погоди за 2:0 пред крајот на средбата, но неговиот шут заврши крај голот, а подоцна и судиите покажаа офсајд.

Треба да знаете
Последни објави