Search

Алиоски добил закани по живот по инцидентот на вчерашниот натпревар со Арсенал

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски беше во центарот на вниманието на натпреварот бчера помеѓу Лидс и Арсенал кој заврши без голови. Алиоски успеа да изнуди црвен картон од Никола Пепе кој ги загуби нервите и со глава го удри македонскиот репрезентативец.

По крајот на натпреварот, дел од играчите на Арсенал од кои предничеше Киран Тирни сакаа да се пресметаат со Алиоски, но во негова одбрана застана Гранит Џака.

Денеска повторно Алиоски е во центарот на вниманието на англиската јавност бидејќи неговиот клуб објави дека тој добива закани преку социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полицијата која најави дека ќе отвори истрага.

-Злобните навреди упатени кон Езѓан Алиоски на социјалните мрежи по вчерашниот премиерлигашки дуел со Арсенал нема да бидат толерирани од нашиот клуб. Работиме заедно со полицијата и со фудбалските власти за виновниците да бидат идентификувани и казнети“, објави Лидс.

Треба да знаете
Последни објави