Search

Алиев се закани дека ќе употреби турски ловци

Баку ќе ги употреби турските ловци Ф-16 во случај на странска агресија врз Азербејџан, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Тој додаде дека во секое интервју, новинарите го прашуваат од каде Азербејџан има турски Ф-16.

– Уморен сум од одговарање. Имате сателити, како не знаете што правиме? Отворете и видете дали Ф-16 сега се во воздух или на земја. Секој знае дека тие се на земја и дека дошле тука на воени вежби, но останале кога почна војната, објасни Алиев.

Според него, ловците се помош од Турција.

– Ако биде извршена странска агресија врз нас, ќе ги видите овие Ф-16, истакна Алиев.

Тој додаде дека што се однесува до прашањето за Карабах, Баку ќе оди до крај.

– Нашиот став останува непроменет. Ја браниме правдата … Ќе одиме до крај по ова прашање, заклучи Алиев.

Треба да знаете
Последни објави