Search

Алесандра Амбросио потполно издоминирал- Црвениот фустан малку ѝ оставал на фантазијата

Црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал  “горел” кога по него прошетала 38-годишната манекенка Алесандра Амбросио.

Убавицата од Бразил се појавила во огнено црвен фустан кој малку ѝ оставал на фантазијата – а кога дувнало ветер, и тоа “малку” речиси било сосема откриено.

Амбросио го искомбинирала фустанот со златни сандали, а изгледот го надополнила со златна нараквица. Ништо повеќе и не ѝ било потребно бидејќи креацијата навистина ја заслужила секоја секунда од вниманието.

Што се однесува до фризурата, Алесандра се определила за едноставна, “неуредна” пунџа, додека шминката била дискретна освен црвениот кармин кој бил во тон со фустанот.

Како ви се допаѓа ова издание на сексапилната Бразилка?

Треба да знаете
Последни објави