Search

Алесандра Амброзио во црно-бела комбинација која остава без здив

Наградите „Греми“ се несомнено најголемата ноќ во музиката.

Но, Алесандра Амброзио докажа дека не мора да бидете музичар за да привлечете погледи кон вас. Манекенката ја покажа својата беспрекорна фигура на црвениот тепих на 62-то годишно доделување на „Греми“ наградите во Лос Анџелес.

Бразилката изгледа перфектно и инспиративно, како и секогаш, во уникатна двобојна комбинација, дело на француската модна куќа „Балмеин“, која што ѝ овозможи два потполно различни имиџи на еден црвен тепих.

Едната страна на креацијата ја сочинуваат црни пантолони со целосна должина односно долга ногавица, црн долг ракав и тесно прилепена висока крагна.

А другата страна ѝ дозволи на Амброзио да го покаже телото, на кое напорно работи за да го оддржи во беспрекорна форма.

Моделот своите уши ги закити со геометриски обетки на Тасаки, кои беа во склад со манжетната на глуждот и неколку прстени од истиот бренд.

Изгледот го дополни со црни елегантни сандали со високи потпетици.

Бразилската убавица имаше дискретна шминка – очи исенчени во мачкест облик и сјај за усни.

Треба да знаете
Последни објави