Search

Алек Болдвин ќе стане татко шести пат

Хиларија Болдвин (35) и нејзиниот сопруг, славниот холивудски актер Алек Болдвин (62), го очекуваат своето петто заедничко дете, а негово шесто.

Хиларија сподели видео на социјалните медиуми и им откри на своите обожаватели дека е повторно бремена.

„Вклучете го звукот. Ќе го оставам бебето да зборува затоа што немам зборови што би можеле да опишат како се чувствувам кога ќе го слушнам овој звук. Само што ја добив добрата вест дека сè е во ред со бебето и сакав да ја споделам со вас. Одиме од почеток“, напиша Хиларија на својот инстаграм-профил.

Многубројни обожаватели, како и колегите, им честитаа и им посакаа среќа со бебето што треба да се роди оваа година.

Желбите и молитвите се уште посилни поради тешката година каква што беше 2019 за брачната двојка Болдвин.

Сопругата на актерот била бремена, но кога отишла на редовен гинеколошки преглед, дознала дека имала спонтан абортус, и тоа седум месеци по првиот абортус.

Хиларија доживеа спонтан абортус повторно во четвртиот месец од својата втора бременост минатата година и го загуби бебето, кое наводно било девојче.

Двојката веќе има четири деца, а Болдвин неодамна откри дека двајцата ќе се обидат повторно да добијат петто дете.

Алек од првиот брак со холивудската актерка Ким Бесинџер (66) ја има ќерката Ајрланд Болдвин (25), која е родена 1995 година и е нивното единствено заедничко дете.

Треба да знаете
Последни објави