Search

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот Rust.

„Ова е веројатно крајот“, рече 63-годишниот актер во интервју со Џорџ Стефанопулос од „Еј-би-си њуз“, додавајќи дека повеќе не му е гајле за идни проекти.

Болдвин, исто така, потенцираше дека не го повлекол орозот од пиштолот за време на инцидентот на 21 октомври во Ново Мексико.

„Некој стави жив куршум во пиштол-реквизит“, рече тој. „Знам дека не сум јас.“

„Не знам што се случи на тој сет. Не знам како тој куршум стигна во тој пиштол. Не знам“, рече Болдвин.

„Но, јас се залагам да направиме сè што ќе нè однесе до место каде што е помала веројатноста тоа да се повтори“.

Актерот откри дека за време на пробата на 21 октомври Хачинс го режирала секое негово движење. „Таа ме водеше низ тоа како сака да го држам пиштолот за овој кадар. Го држев пиштолот онаму каде што таа ми рече да го држам, што на крајот ѝ беше вперен под нејзините пазуви“.

Но тој тврди дека дека не пукал. „Орозот не беше повлечен, јас не го повлеков орозот“, рече Болдвин.

Интервјуто за Еј-би-си беше емитувано во САД во четвртокот навечер.

Интервјуто е првпат Болдвин да зборува за инцидентот пред камера, освен кусата изјава што ја даде за „ТМЗ“ во октомври, во обид да ги спречи папараците да го следат него и неговото семејство.

Треба да знаете
Последни објави