Search

Алексоски за сведочењето на Младеновски: Ги охрабрувам обвинетите да кажат се, но не и да лажат

,Внимателно ги прочитав исказите на обвинетите Младеновски и ги охрабрувам да кажат се, но не и да лажат”, вели во писмена изјава Синиша Алексоски, советник во Кабинетот на претседателот во врска со обвинувањата за негова вмешаност во настаните од 27 април.

,,Минатата година во Основното Јавно Обвинителство испративме збир на извештаи во врска со случајот 27-ми април, пред, за и потоа, вклучително и моите активности кои беа предмет на јавен интерес. Единствено што не е испратено е позитивното полиграфско тестирање за отфрлање на гласините, обвинувањата и потврда на автентичноста на моите изјави во извештаите.

Внимателно ги прочитав исказите на обвинетите Младеновски и ги охрабрувам да кажат се, но не и да лажат. Запознаен сум дека, правно, обвинетите имаат право да дадат лажен исказ во своја одбрана. Но, изјавите на обвинетите дека биле изманипулирани и слепо верувале на измамници не можат да се поткрепат со конструкции на лаги, непостоечки комуникации и рекла казала муабети. Кој што им ветувал, кој ги лажел, како ги манипулирал, на кои имиња се повикувале за лагата да им биде поуверлива, нема да им ја намали одговорноста.

Ова е уште еден очаен обид и намера да не инволвираат во измислената во нивни глави, воена или вонредна состојба. Доколку знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација”, се вели во писмената изјава испратена преку Кабинетот на претседателот.

Младеновски на вчерашното сведочење изјави дека од кабинетот на претседателот Иванов биле запознаени со планот за 27 април по инцидентот во Собранието Иванов да прогласи вонредна состојба и да ги уапси пратениците од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави