Search

Алексовски: Не сум изгубил мобилен телефон кај Смилковци

Советникот за национална безбедноста на поранешениот претседател Ѓорге Иванов и поранешен командант на „алфите“, Синиша Алексоски негираше дека го изгубил мобилниот телефон кај Смилковско Езеро на денешното сведочење за „Монструм“.

Алексовски, кој е врботен во Агенцијата за разузнавање,  рече дека имал официјални и неофицијални средби со семејствата на убиените деца.

-Првата средба со семејствата на жртвите беше во Кабинетот на претседателот на државата, по нивно барање за да ги презентираат оние материјали и разговори кои ги добиле од лидерот на СДСМ. Тоа беше официјална средба, каде беа изнесени одредени сомневања во однос на институциите и како тие постапувале со случајот, особено во делот на заштитата со класифицираност на одредени документи во предметот. На средбата беше и Ѓорге Иванов, записничар, генералниот секретар. Тие побараа дали имаме допис од странски претставници во врска со овој случај, за да им помогнеме. Неофицијални средби имавме во домот на Оливер Наќевски, кој беше службеник задолжен за безбедноста на семејството на Иванов и близок роднина на едно од убиените деца, рече Алексовски.

Тој го известил Алексовски што било разговарано на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Алексовски обвини дека Заев изнел невистини за него, кога посочил на семејствата дека кај Смилковско езеро е најден неговиот телефонски апарат.

– Горан Наќевски ме извести за средбата со лидерот на СДСМ, на која што тој упатил сериозни сомневања за инволвираност на високи полициски службеници во случајот со пасивно или активно однесување, инволвирајќи ме и мене, дека наводно некој мој телефон бил паднат кај езерото. Лидерот на СДСМ изнесува невистини и клевети. Тој посочил и дека има сомневања за потеклото на возилото “опел омега”, можно е да биде сопственост на МВР, а користено од единицата „Алфа”. Се уште го поседувам телефонот „Нокиа Е6“, со целата содржина, сите разговори, како и сим-картичката која е службена од МВР, која пак, ако сум ја изгубил ќе требало да направи дупликат-што не се случило. Во однос на автомобилот „опел омега“, додека јас бев командант на „алфите“, а тоа едно 30 месеци пред да се случи настанот, во возиниот парк имаше „опел вектра“ со црна боја СК 680РГ . За тоа возило имам потпишано налози за користење од службеници, за тоа има и податоци. По ноември 2009 не знам, рече Алексоски.

Тој рече и дека се сретнал со Заев, два пати, кој негирал дека го спомнувал АЛекосвски во разговороите ссо родителите на децата.

Тој кажа дека со тогашната министер на МВР, ескдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и ексдиректорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски, комуницирал само службено. Пред да се случи настанот, Алексовски не добил по писмена форма податок дека ќе се случи нешто на критичниот ден кога беа убиени петте лица кај Смилковско езеро. Но, усно бил известен за наводно присутна вооружена група во планини која ќе нападнел полициска станица.

-Секогаш пред верски празник, се следат стандардните оперативни процедури. Се собираат податоци за намери за терористички упади од екстремисти кои можат да извршат напади на верски објекти, каде има голема фреквенцина на луѓе. Во тие планови се опфаќа и движењето на претседателот. Стигаа известувања од полициски службеници, воени лица, овластени лица во УБК. Во еден од тие имав полициска дојава на податок, односно интерпретација на податок од страна на полицискиот службеник Зоран Трајковски, кој кажал дека има група која се движела по планините и може да изврши напад на полициска станица. Јас се видов со него и го прашав ‘Дали е изворен податок или интерпретација на податок’, како и ‘Дали напишал оперативна информација’. Ме извести дека со податокот ги известил припадниците на воената служба и припадниците на регионалното одделение на УБК во Куманово. Неговото барање беше доколку јас имам податоци, да ги споделиме и размениме, а јас му напомнав дека секоја година има дојава на полуинформации, рече Алексовски.

Тој на прашање на еден од родителите на децата рече дека не ги познава обвинетите, освен од полициската евиденција, бидејќи дел имале полициска евиденција.

– Алил Демири беше вклучен во грабежот на „Прокредит банка“, а како врска е Башким Беља, кој потоа отишол во Сирија каде е убиен, рече Алексовски кој претходно објасни дека Беља е можеби поранешниот полицаец, Албанец, кого Трајковски го посочил како вмешан во инцидентот бидејќи живел на сто метри од местото на убиството.

Алексовски кажа дека со тогашната министер на МВР, ескдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и ексдиректорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски, комуницирал само службено.

Тој потврди дека имало соработка со амбасадори на наши сојузници во однос на екстрадицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

 

Треба да знаете
Последни објави