Search

Александрова:Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не се лутам

Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не се лутам

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово, вечерва ја исклучи пратеничката Емилија Александрова од партијата, затоа што на вчерашната седница на Собранието, таа беше еден од 8-те пратеници на опозицијата кои гласаа за отпочнување на уставни измени.

Затоа што исклучувањето беше очекувано, по синоќешната најава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порталот Лидер стапи во контакт со пратеничката која ја прашале зошто одлучила да гласа „За“:

-Најпрвин сакам да потенцирам дека синоќа во Собранието на Република Македонија се донесе одлука за отпочнување на постапка за амандманска расправа за измени на Уставот. А за тоа како ќе биде крајното двотретинско гласање, сепак ќе зависи од власта, односно колку е таа спремна за прифаќање на условите кои се наведени во синоќешното соопштение до јавноста.

Одлуката беше тешка навистина, свесни за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе направи посебно во мојата партија. Но јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови.

Што се однесува на одлуката на партијата да не исклучи, лично ја доживеав многу тешко. Да се биде ВМРО-ДПМНЕ е вистинска чест и мене никогаш тоа чувство на припадност неможат да ми го одземат. Искрено жалам за нивната одлука кон нас, но не им се лутам. Верувам дека разумот на крај ќе преовладува кај сите, затоа што на крајот сите имаме заедничка цел. – изјави за Лидер, пратеничката која e исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе на Лидер

Треба да знаете
Последни објави