Search

Александар Николоски во Вашингтон на средби со високи претставници на САД

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски престојува во четиридневна работна посета на Вашингтон. Во рамките на посетата Николоски ќе учествува на Молитвениот појадок кој еднаш годишно се одржува во Вашингтон во организација на pретседателот на САД. На молитвениот појадок учествуваат лидери од целиот свет, а главен говорник оваа година е pретседателот на САД Доналд Трамп. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Николоски покрај на молитвениот појадок е поканет да учествува и на средбата на меѓународни лидери.

Покрај учеството на Молитвениот појадок и активностите поврзани со истиот Николоски ќе оствари средби и со високи претставници на администрацијата на САД, средби во Стејт Департментот, средби во Сенатот и Претставничкиот Дом на САД, како и средби со тинк тенкови и влијателни организации. Се очекува Николоски да оствари средба со претседателот на Националниот Демократски институт (НДИ) Дерек Мичел, директорот за Европа на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ) Пол МекКарти. НДИ и ИРИ се двата најголеми светски институти едниот близок со Републиканската партија, а другиот со Демократската Партија.

Исто така Николоски се очекува да оствари средба во Стејт Департментот со заменикот помошник секретар Метју Палмер, како и во Сенатот со Сенаторот Мајк Ли, а во Конгресот се очекува да се сретне со конгресменот Роберт Аделхорт и конгресменот Мајк Дојл. Николоски ќе оствари средби и со вДаниел Сервер, еден од водечките луѓе во финансиите и поранешен претседател на Младите Републиканци Ерик Хоплин, неколку новинари, како и креатори на јавно мислење во Соединетите Американски Држави итн. Николоски ќе оставри средби и со македонската дијаспора во САД.

Треба да знаете
Последни објави