Search

Александар Кирковски успешно се искачи на еден од најтешките алпски врвови Вајсхорн

Македонскиот планинар Александар Кирковски вчера успешно и во соло стил се искачи на еден од најтешките алпски врвови, Вајсхорн 4506 мнв во Швајцарија. Искачувањето на врвот започнува со долг пристап од селото Ранда до планинарскиот дом “Weisshorn Hutte” на 2900 мнв, а потоа до врвот се совладуваат 1600 висински метри со значајна техничка тежина од карпи, снег и лед. За овој потфат на Кирковски му биле потребни 11 и пол часа.

Ова претставува само второ македонско искачување на врвот Вајсхорн, а прво кое е реализирано целосно самостојно (соло) што во планинарењето и алпинизмот се смета за најкомплексен начин. Акцијата е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави