Search

Александар де Кроа e новиот премиер на Белгија

Кралот Филип од Белгија го назначи Александар де Кроа (44) за премиер, по договорот за коалиција меѓу седум партии.
Со ова заврши 16-месечен период без целосно функционирање на владата.

Според белгиските медиуми, Де Кроа, лидерот на Отворените фламански либерали и демократи и актуелен министер за финансии, ќе ја предводи владата на таканаречената коалиција Вивалди до 2024 година, пренесува порталот „Политико“ и додава дека тој доаѓа на местото на в.д. премиерката Софи Вилмес.

Седум партии, вклучително и социјалистите и зелените, се согласија за неговото назначување рано утрово, во последен момент по преговорите за најконтроверзното прашање – буџетот.

Новата федерална влада ќе има на располагање 3,3 милијарди евра за нови политики, 2,3 милијарди за социјални мерки и една милијарда за безбедност, правда и одбрана.

Според договорот, дополнителни 1 милијарда евра ќе бидат издвоени за нови инвестиции за дигитализирање на јавните органи, особено за судството и безбедноста и за железниците.

Партиите ќе имаат време да одлучат за договорот вечерва на партиските конгреси, а церемонијата на положување заклетва се очекува во четврток наутро.

Треба да знаете
Последни објави