Search

Алегри сакал да се ослободи од пет играчи на Јувентус

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри побарал од раководството големо реновирање на тимот за следната сезона, соопшти „Тутоспорт”. 51-годишниот тренер сакал во текот на летото да се раздели со петмина фудбалери и лично да им најде заменици на овие позиции.

Алегри не ги сакал во тимот следните фудбалери – Марио Манџукиќ, Даглас Коста, Пауло Дибала, Жоао Кансело и Алекс Сандро.

Италијанецот го предводеше Јувентус од летото 2014 година. Под негово раководство тимот освои 11 трофеи – петпати домашното првенство, четири пати Купот на Италија и два пати Суперкупот на земјата.

Треба да знаете
Последни објави