Search

Алегри на интересен начин откри зошто Роналдо ќе ги изведува пеналите во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри истакна дека португалската супер ѕвезда ќе биде прв изведувач на пеналите во клубот.

Роналдо токму од белата точка го постигна третиот и последен гол за Јувентус во вчерашната победа од 3:0 против тимот на Фиорентина.

Запрашан, дали во главата има и друг изведувач освен Португалецот, Макс Алегри шеговито одговори:

-Роналдо ги изведува пеналите. Откако нас ни даде гол во 93. минута, така што топката одеше со неверојатни 139 км/ч, дали треба тоа да му го препуштам на некој друг. Тој мора да стори нешто за да му го простиме тој пенал. Мора да продолжи така да изведува пенали и да постигнува голови. Секогаш- коментираше Алегри.

Треба да знаете
Последни објави