Search

Алегри може да го замени Солсјкјер на чело на Јунајтед

Италијанскиот менаџер Масимилијано Алегри би можел да го замени Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед, според британското издание „Експрес”. Алегри, кој не е во оваа професија од летото 2019 година, е подготвен да се врати во фудбалот – на највисоко ниво.

За последен пат, Алегри го водеше тимот на Јувентус, каде што уживаше во исклучително успешен период. Тој се смета за еден од најголемите стручњаци во светот. Покрај него, Манчестер Јунајтед е поврзан и со уште еден докажан тренер – Маурисио Почетино.

Манчестер Јунајтед слабо ја започна новата кампања, што веднаш ги засили шпекулациите за иднината на Солскјер на „Олд Трафорд”. Според многумина, норвешкиот стручњак не е во можност да ги врати „црвените ѓаволи” на врвот во англискиот фудбал, поради што на тимот му треба нов тренер.

Треба да знаете
Последни објави