Search

Алегри во Манчестер јунајтед сака да се пресели со Џан и Манџукиќ

Поранешниот тренер на италјанскиот фудбалски шампион Јувентус, Масимилијано Алегри е блиску до тренерското столче на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед, пренесува „Тутоспорт”.

Преговорите меѓу двете страни се интензивни и се најавува брза разрешница со постигната договор. Се очекува Алегри да добие поголема плата од таа што ја имаше во Јувентус (7,5 милиони евра годишно). Претходно беше објавено дека сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер може да биде разрешен.

Исто така, се посочува дека Италијанецот има намера на „Олд Трафорд“ да замине со двајца играчи на Јувентус кои сега не се во преден план кај „старата дама“ Емре Џан и Марио Манџукиќ. Манчестер јунајтед моментално е на 12. место во Премиер лигата, со осум освоени бода од можни 24.

Треба да знаете
Последни објави