Search

Алдервеирeлд го напушта Тотенхем како слободен агент

Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервеирeлд е подготвен да почека до следното лето за да го напушти клубот. По една година, неговиот договор истекува и тој може да замине како слободен агент.

До пред неколку недели, тој имаше клаузула за ослободување во договорот од 25 милиони фунти. Лондонскиот тим беше подготвен да се раздели сонего, но не пристигнаа понуди. Единствениот клуб со сериозен интерес беше Рома, но сега веројатноста Италијанците да направат предлог што ги задоволува петлите до 2 септември е минимална.

Алдервеирeлд минатата сезона зеде учество во 50 натпревари на сите турнири и Маурисио Почетино планира да се потпира на него и покрај ситуацијата. Сепак, клубот не сака тој да замине без пари и сака да земе трансфер сума, откако ќе се обиде да го продаде во наредните недели.

Треба да знаете
Последни објави