Search

Алвеш: Му завидуват на Нејмар дека е богат и убав

 Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Дани Алвеш изјави дека луѓето му завидуваат на неговиот соиграч Нејмар.

 

Според поранешниот играч на Барселона и Јувентус, неговиот сонародник има многу квалитети и богатство, со што ја буди зависта кај луѓето.

– Многу луѓе му завидуваат на Нејмар, бидејќи има сè што другите сакаат: убавина, талент, пари. Тој секогаш го кажува она што го мисли, тој е паметно момче. Го познавам многу добро. Неговите критичари разбираат дека никогаш нема да бидат како него. Истото е со Кристијано Роналдо, рече бразилецот, цитиран од новинарот Џанлука Ди Марцио.

Во оваа сезона, Нејмар одигра 19 натпревари на ПСЖ на сите турнири, постигна 16 гола и даде 7 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави