Search

Алвеш: Ако ѝ требам на Барселона ќе играм и без пари

Очигледно загрижен за она што се случува во неговиот некогашен клуб, бразилскиот ветеран Дани Алвеш јавно изјави дека доколку и е потребен на Барселона во моментов, подготвен е да настапува на Ноу Камп и бесплатно.

Тој е најтрофејниот фудбалер на сите времиња со огромен број на освоени трофеји што клупски што репрезентативни, но во моментов тој има 38. години. Последно играше за тимот на Сао Паоло, а во Барселона мина огромен дел од својата пребогата кариера. Од 2008 до 2016 кога настапи на преку 300 мечеви.

-Ако Барселона смета дека сум им потребен, сѐ што треба да направат е да ми се јават. Сметам дека можам да им помогнам, вели Алвеш.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој во моментов се наоѓа на одмор во Барселона, и веќе го контактирал претседателот на клубот, Жоан Лапорта на оваа тема.

Треба да знаете
Последни објави