Search

Алба ја одбранија титулата во Германија

Алба е шампион на Германија, тимот од Берлин славеше во финалната со 3:1 во победи против Баерн.
Алба ја искористи првата меч топка за титулата, во четвртиот меч победија со убедливи 96:81 (26:17, 26:19, 24:18, 20:27).

Алба трет пат по ред се шампиони на Германија, вкупно 11-ти пат во клупската историја. Баер Леверкузен и понатаму е најуспешен со 14 титули, Хајделберг и Бамберг имаат по девет, додека Баерн остана на пет титули во германскиот шампионат.

Во четвртиот натпревар меѓу моментно двата најдобри германски клуба, кои следната сезона ќе играат во Евролигата, немаше дилема. Алба на полувреме ги реши сите дилеми, 52:36.

Гостите не се предадоа, ја добија и третата четвртина, па во решаваќкиот период влегоа со 76:54.

На крајот најефикасен кај Алба беше Смит со 23 поени, а го следеа Тиеман со 15, Блат со 14, а од друга страна, Рубит беше подобар од останатите со 15, односно Томас со 12 и Џедовиќ со 11 поени.

Треба да знаете
Последни објави