Search

Албанското МНР ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, оценувајќи го како клучен придонес за стабилноста, развојот и евро-атланската интеграција на целиот регион.

Во соопштението од Министерството стои дека ратифиикацијата на Договорот е победа на дипломатијата, што доаѓа благодарение и на придонесот на албанскиот фактор во Македонија.

Денешната ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, се оценува понатаму, оди кон конечно решавање на едно речиси тридецениско недоразбирање меѓу нашите две соседни земји, консолидирајќи ја понатаму евро-атлантската иднина на Југоисточна Европа.

-Албанија ќе продолжи силно да ги подржува понатамошните процедурални чекори кон целосно и сеопфастно спроведување на Договорот од Преспа, стои во соопштението.

Претходно, ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент ја поздрави албанскиот државен врв, претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама и спикерот Грамоз Ручи, како и лидерот на најголемата опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, и доскорешниот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати.

Треба да знаете
Последни објави