Search

Албанскиот претседател Мета изрази солидарност со турскиот и грчкиот народ

По земјотресот во Турција и Грција албанскиот претседател Илир Мета изрази солидарност со грчкиот и турскиот народ.

-Ова е момент на човечка солидарност,да се застане покрај семејствата на жртвите и властите на Турција и Грција за да се справат со штетите предизвикани од оваа природна катастрофа,напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека целиот албански народ е покрај народот на двете пријателски земји, со желба да ја надминат оваа тешка ситуација и да ја ублажи болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски.

-Длабоко потресен од земјотресот што го погоди грчкиот остров Самос попладнево и сериозно го погоди градот Измир. Албанија ќе биде блиску до пријателските земји со сите свои можни капацитети,наведува Мета.

Собранискиот спикер Грамоз Ручи, упатил телеграма до своите колеги, Мустафа Шентоп и Константин Тасоулас.

-Со голема вознемиреност ја слушнав веста за многу силниот земјотрес што ги погоди Санмос, Измир и околните области. Во овие тешки моменти, Собранието на Албанија и целиот албански народ се блиски до нашите пријателски народи и соседи и ние ја изразуваме нашата болка и солидарност со граѓаните и роднините на жртвите, наведува Ручи.

И лидерот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша изрази солидарност и додаде дека со голема загриженост ги следи информациите и искажува сочувство со семејствата на загинатите а на повредените им посакува брзо закрепнување.

Треба да знаете
Последни објави