Search

Албанската опозиција порача дека нема соработка со Владата и оти изборите се единствениот лек

Албанската обединета опозиција иако се согласи да седне на иста маса со владејачкото мнозинство околу изборната реформа, со став дека „нема соработка со Владата и оти изборите се единствениот лек за надминување на политичката криза”, јави дописничката на МИА од Тирана.

Ставот го пренесува Петрит Васили, потпретседател на Социјалистичкото движење за интеграција и член на политичкиот совет, кој до 15 март треба да ја финализира изборната реформа, што се бара од ЕУ.

Според него, седнувањето на маса со владеачкото мнозинство е само споделување на одговорностите.

Гостувајќи во вестите на телевизја Ора њуз, Васили рече дека опозицијата си ја завршила својата работа околу главниот услов на германскиот Бундестаг поврзан со интеграцијата на земјата.

– Дадовме јасен одговор, една важна обврска на Бундестагот поврзан со европските интеграции, каде што имаше простор и обврска опозицијата да даде придонес. Опозицијата го предводеше решавањето на проблемот со решението што го даде. Социјалистичката партија има голема задача да ги исполни другите осум услови поради кои Албанија е блокирана. Нема соработка меѓу Владата и опозицијата, постои споделување на одговорноста единствено за прашањето поврзано со изборните реформи, што значи поставување на правилата за што побрзо одржување избори, што се лек за заздравување на општеството, рече Васили.

За Васили агендата на опозицијата не се менува. Изборите се решение за ситуацијата.

– Изборите се единствениот лек и нема соработка за ова прашање, туку само избори. Изборните правила, начинот на кој слободните гласови ќе бидат слободни и довербата во слободно дадениот глас, која е изгубена кај граѓаните, смета Васили.

Политичкиот совет, кој треба да ја подготви изборната реформа, првата седница ќе ја има утре. Во него, покрај Васили, се и Оерд Булукбаши од Демократската партија, Месила Дода од Партијата за демократија и правда (партија на Чамите), Фатмир Медиу од Републиканската партија, Вангел Дуле, од Партијата за заштита на човековите права (Партија на Грците), Ервин Бушати и Дамиан Ѓикнури од Социјалстичката партија, како и Рудина Хајдари, Мислим Муризи и Немет Мусаи од парламентарната опозиција.

Треба да знаете
Последни објави