Search

Албанската опозиција најави протест за 11 мај, а в четврток ќе ги блокира влезовите на Тирана

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, ја менува својата стратегија, јави дописничката на МИА.

Освен повикот за масовност на четвртиот „национален протест”, што реши да го одржи на 11 мај во 18.30 часот, опозицијата в четврток наместо на протести пред Парламентот, кој најави одржување пленарна седница, ќе ги блокира сите пристапни патишта кон Тирана.

Опозицијата најави дека планира одржување протести во повеќе градови, се до „заминување на албанскиот премиер Еди Рама и формирање преодна влада”.

– Избори без опозиција се фарса. Ние веќе нема да дозволиме криминалот да диктира избори во Албанија. Изборите ќе се одржат откако ќе бидат казнети крадците на гласови во 2017 година. Со Еди Рама и тие покрај него, нема слободни избори ниту денес, ниту до година. Затоа само неговото заминување го отвора патот за политичкото решение што го бараме, изјави лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Тој истакна дека стабилноста на државата ќе биде гарантирана само со одбрана на демократијата, а не со инвестирање во криминал.

Од февруари, кога почна со протестите, па до сега, опозицијата одржа девет протесни собири, од кои шест пред Парламентот, а пред Владата и тоа на 13 февруари, 13 март и 13 април.

Националниот совет на Демократската партија на седницата одржана на 18 април, донесе едногласна одлука за бојкот на локалните избори закажани за 30 јуни, но и за нивно попречување. Ваквата одлука на демократи потоа беше поддржана и од другите опозициски партии.

Треба да знаете
Последни објави