Search

Албанската опозиција го потврди ставот за бојкот на изборите

Обединетата албанска опозиција не ја признава одлуката на албанскиот изборен колегиум, којшто не ја уважи уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на изборите. Со тоа, опозицијата останува на ставот дека на 30 јуни нема да бидат одржани локалните избори во земјата.

„Оваа недела ќе кулминираат народните протести. Ова не се избори. Ние не ги признаваме, ова се избори на господинот Рама и ние ќе ја почитуваме уредбата на претседателот Мета за одложување на изборниот процес. На 30 јуни нема да има избори, нашиот отпор ќе биде уште поголем“, изјави Дашамир Шехи од Движењето за национален развој по состанокот на обединетата албанска дијаспора.

Според неговите зборови, одлуката на иборниот колегиум нема никаква вредност.

Треба да знаете
Последни објави