Search

Албанската опозиција во септември продолжува со протестите

Лидерот на Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша најави дека обединетата албанска опозиција во септември ќе продолжи со националните протести.

Додаде дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и оти „времето да се поднесе сметка се приближува”.

-Обрачот се стега на вратот на инкриминираниот деспот и психички крадец Еди Рама. Наближува времето да се даде финалната сметка пред народот. Задоволен сум и почестен што пред почетокот на народните протести, националниот дијалог и националната платформа за Албанија како цела Европа, во септември, го потпишуваме договорот за доверба со жителите на населбата „Астир”, изјави Баша.

Станува збор за договор со жителите на населбата чии домови според проектот на Владата треба да се урнат, заради изградба на новата голема обиколница во Тирана. Поради реализација на проектот треба да бидат урнати 330 индивидуални куќи, во кои живеат над илјада лица.

Во документот се изразува поддршка од опозицијата за „протестот на жителите во одбрана на своите домови”.

Баша го оценува како криминал уривањето на домовите поради „коруптивниот проект” кој не предвидува реално обештетување. Вети дека ПД со доаѓањето на власт ќе преземе две итни мерки преразгледување на проектот преку легализација или обештетување врз основа на пазарната вредност и кривично гонење на сите вмешани во „коруптивната афера Голема обиколница”.

Претходно Баша договор потпиша и со Алијансата за одбрана на Националниот тетар, кој Владата планира да го урне.

Треба да знаете
Последни објави