Search

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори

Лидерот на опозициската Демократска партија (ПД) Љуљзим Баша, по средбата со шефот на државата, Илир Мета, како и средбата со лидерите на политичките партии од обединетата опозиција, искажа убедување дека на 13 октомври треба да има нови избори.

Претходно, претседателот Мета неколку пати изјави дека овој датум треба да биде ден за одржување тројни избори со цел излез од политичкиот ќор-сокак.

-Шефот на државата смета дека 13 октомври е можност за излез од политичката криза, преку предвремени парламентарни и локални избори и како што со политички израз рече и преку претседателски избори, што подразбираат уставни измени. Имајќи го во предвид ставот на претседателот и неговата загриженост, јасно ставив до знаење дека ПД и обединета опозиција се во оваа битка заради народот, рече Баша.

Посочи дека претстојните избори, за разлика од, како што рече, фарсата на 30-ти јуни, треба да се за луѓето, а не за партиите и помалку за олигарсите.

-Во оваа функција, опозицијата е подготвена да ги преземе сите чекори за да им гарантира на Албанците право на глас, што досега го немаа. На 30 јуни Еди Рама не се спротивстави на искушението да украде уште еден процес во кој се кандидираше самиот себе, сам броеше гласови, создаваше изборни табели. Тој не даде гаранција за слободни и фер избори од кои ќе произлезе влада избрана од народот и која ќе му служи на народот, додаде Баша.

Тој нагласи дека обединетата опозицијата веќе ги подготвува своите предлози за излегување од економската криза во земјата во која се нашла поради големиот грабеж на владата.

-Тоа ќе биде заедничка економска платформа што албанските граѓани ја заслужуваат,рече Баша.

Обединетата опозиција не учествуваше на локалните избори на 30 јуни, кои претходно претседарелот Мета ги одложи за 13 октомври.

Треба да знаете
Последни објави