Search

Албанската владеjачка коалиција обвини дека опозицијата сака да ја врати земјата во 1997година

Албанската владеjачка Социјалистичка партија на сноќешната средба со коалциските партии, анализирајќи ја актуелната политичка состојба во земјата, по напуштањето на Парлеменот од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција и протестите оценија дека „опозицијата со напуштањето на храмот на демократијата настојува силно да му наштети на националниот интерес”.

Во заедничкото соопштение на 26-те коалицски партнери се обвинува опозицијата дека „ со реториката и употребата на сила за политички цели се обидува да ја дестаблзира Албанија и да ја врати во 1997/1998 година”.

-Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ) преку протести се обидуваат во Албанија да создадат хаос и нефункционирање на институциите на власта. Тие бараат да се повтори она што се случи во земјата во март 1997 и септември 1998 година кога државата беше во целосен хаос. Сите нивни активности се вперени против националните и стратешки интереси на Албанија само заради лични интереси на нивните лидери,обвини Таулант Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група.

На средбата подржана е иницијативата за измени во Изборниот законик со што на локалните избори закажани за 30 јуни годинава да може да гласа и албанската дијаспора.

Потврдено е и на овие избори коалицијата,која ја сочинуват 26 партии,предводена од СП, заедно да оди на избори.

Треба да знаете
Последни објави