Search

Албанија ќе го ограничува работното време на угостителските објекти

Поради високите бројки на новозаразени во текот на овој месец, во просек 300 дневно или 22 отсто од тестираните, албанскиот Комитетот за заразни болести најави ограничување на работното време на угостителските објекти. -За последните две недели, инциденцата на случаи со Ковид-19 е 130 на 100.000 жители. Ја разгледуваме можноста за ограничување на работното време на угостителските објекти по 22:00 часот. На почеток тоа ќе биде во местата каде се сметаат за жаришта на болеста. Ве замолувам строго почитувајте ги мерките да не мораме повторно да воведување построги мерки, апелираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Министерството за образование започна со подготовки за продолжување на наставата преку интернет. За таа цел извршена е обука на 17.000 наставници низ целата земја за користење онлајн платформа. Инаку, во последното деноноќие од направените 1.422 тестови, позитивен резултат е добиен кај 275 или над 19 отсто од тестираните. Во исто време починати се шест лица или 499 до сега, додека оздравеле 114 или 11.007 од вкупно заразените 20.315. Активни на болеста се 8.809. Расте бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 291 лице, од нив 13 се на интензивна терапија додека петмина се интубрани.

Треба да знаете
Последни објави