Search

Албанија ја стресе нов земјотрес од 4,5 степени

Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтрер, бил регистриран ноќеска во 1.18 часот во Албанија. Епицентарот на потресот бил 22 километри западно од главниот град Тирана.

Во текот на изминатата ноќ во Албанија биле почувствувани серија послаби земјотреси со јачина oд 3.1 до 3.5 степени, чиј епицентар е во Јадранското море.

Изминатиот ноември албанскиот град Драч и околината ги погоди силен земјотрес од со јачина од 6.4 степени во кој загинаа над 50 луѓе, а над илјада се повредени.

Треба да знаете
Последни објави