Search

Албанија утре ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Албанското собрание утре ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. На седницата ќе присуствува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе отпатува на работна посета во Република Албанија каде што ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија, закажана за 14 февруари и на која ќе се ратификува протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО“, соопштија од собраниската прес-служба.

Албанија ќе биде трета земја-членка на НАТО која ќе го ратификува протоколот, по Грција и Словенија.

Треба да знаете
Последни објави