Search

Албанија: Уништени се околу 5.497 куќи, 3.135 лица евакуирани

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Равена Вода, соопшти дека 3.135 граѓани се евакуирани и 5.497 домови се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес во земјата.

Според неа, тоа се најнови податоци за штетата предизвикана од земјотресот, собрани од инспекторите во Тирана, Драч, Лежа, Лач и Круја.

Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени центри и простории за итни случаи во Круја, Драч, Лач и Тирана.

Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што ја потресе Албанија во 3:55 часот по полноќ на 26 ноември, загинаа 51 лице и повредени се повеќе од 900 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави