Search

Албанија прва на Балканот по баратели на азил во земјите на ЕУ

– Барањата на албанските државјани за добивање азил во земјите на Европската унија во 2019 година биле пет до 15 пати почести од нивните балкански соседи, констатира телевизијата Ора њуз.

Земјите со најголем прилив на албански баратели на азил се Германија, Франција и Велика Британија.

-Илјадници Албанци продолжуваат да бараат засолниште во земјите на Европската унија од економски и политичко – социјални причини. Минатата година барањата за азил на албанските граѓани се побројни за седум отсто споредено со претходната година, наведува телевизјата.

Повикувајќи се на Европската агенција за поддршка на азил, вкупниот број апликации за првпат достигнал 20.256 на годишно ниво или просечно по околу 1.700 барања месечно.

На регионално ниво, бројот на баратели на азил од Албанија бил петпати поголем од оној од Србија, од каде има 3.900 барања за азил, Косово 2.765, Северна Македонија 2.680 и Босна и Херцеговина 1.313 барања.

Во случајот со Албанија властите во земјите каде се бара азил негативно одговориле во 94 отсто од случаите. Овој процент за земјите од регионот е помал или само еден процент.

Во текот на минатата година за азил од целиот свет во земјите од ЕУ аплицирале над 700.000 лица или 13 отсто повеќе од претходната годна. Најмногу барања се од државјани на Сирија и Авганистан. Меѓу 10 – те најбројни се и државјаните на Турција, Иран, Нигерија и Албанија.

Треба да знаете
Последни објави