Search

Албанија: Околу 500 затвореници добија привремени дозволи за излез поради Ковид-19

Во Албанија во тек е ослободувањето на осудените лица кои добија привремени тримесечни дозволи поради ситуацијата создаде од Ковид-19.

Во сите затвори ова право што со одлука го овозможи Владата го оствариле 494 осудени лица од 600 колку што аплицирале.

За ваква дозвола можеше да аплицираат затвореници на кои им останале три години или помалку од затворската казна, како и на оние кои од затворската казна им е остале уште пет години но да се на над 60-годишна возраст или се хронично болни. Сите тие не треба да бидат осудувани за тешки кривични дела од висок ризик.

Затворенците кои добиле ваква дозвола не може да излезат од затвроските врати доколку членовите од семејството не потпишат согласност дека го примаат дома.

Според Топ чанел регистриран е прво заразен од коронаврус во еден од затворите во земјата. Станува збор за правник кој работи во затворот во Рогожина а живее во Тирана. Исто така во домашна изолацја се и четворица други вработени во затворот, од кој тримесечна дозвола добиле 150 од вкупно 306 затвореници.

Треба да знаете
Последни објави