Search

Албанија го поздрави формирањето војска на Косово

Албанскиот државен врв го поздрави формирањето вооружени сили на Косово, оценувајќи ја одлуката како историска.

Претседателот Илир Мета преку социјалната мрежа Фејсбук и честита на косовската политика „што овозможи формирање на сопствена армија”.

-Историската одлука за формирање на вооружените сили на Република Косово јасно покажува дека Косово е способно да преземе нови одговорности во градењето демократски институции и решително да придонесува кон мирот и стабилноста во регионот и добрососедството. Евроатлантскиот дух лежи во основата на оваа историска промена, напиша Мета.

Преку Фејсбук реагираше и албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистика партија, Еди Рама.

Тој во својот статус трипати го повтори зборот „честитки” придружен со знамињата на Косово, на САД и на ЕУ и со фотографија на претседателот на Косово, Хашим Тачи во војничка униформа, која ја носеше вчера при посетата на гарнизонот „Адем Јашари”.

Трансформацијата на Безбедноснте сили во армија на Косово ја поздрави и лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша.

-Честитки Косово за армијата! По независноста, втор настан од национално и историско значење. Со својата војска, Косово ќе биде побезбедено, регионот помирен, албанскот народ поинтегриран и посилен. Почит кон оние кои ги дадоа своите животи за слобода, благодарност до нашите големи пријатели кои не подржуваат, напиша Баша на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави