Search

Албанија бара помош од НАТО за справување со коронавирусот

Албанската Влада побарала помош од НАТО за справување со ситуацијата создадена од „Ковид-19″. Ова го потврди премиерот Еди Рама,гостувајќи во емисијата „Топ Талк” на телевизија Топ чанел,додавајќи дека „барањето е направено исто како и другите земји”.

-Ние ја направивме истата постапка, но не знам зошто не стана вест, но тоа не е наша работа. Ние ја следевме процедурата што ја следеа и други земји,рече Рама.

На прашањето дали има одговор од страна на НАТО вели дека не е информиран.

-Не сум информиран дали има одговор,но ако имаше ќе бев информиран. Уште еднаш да не создадеме илузии,зашто многумина велат „им даде пари Европа”, но тие пари не пристигнуваат со куфери,рече Рама.

Пртеходно Владата на Црна Гора информираше дека побарала помош од НАТО во вид на санитетски материјал и апарти за борба против епидемијата на корона вирусот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави