Search

Албанец со фалс италијанска лична карта фатен на аеродромот во Скопје

Албанец со фалсификуван пасош на Италија вчера утрото бил уапсен на граничниот премин „Аеродром Скопје“.

Според полицијата, Л.С.(23) од Република Албанија дошол на граничниот премин и се пријавил да патува со  италијанска лична карта и италијанска здравствена картичка на име Т.Б.Ј.(20). По извршената контрола било утврдено дека тој не влегол во Република Македонија со наведената лична карта, по што бил извршен преглед над него и му била пронајдена албанска патна исправа на име Л.С.(23) од Aлбанија.

Во разговор со полициските службеници тој кажал дека италијанската лична карта  и здравствена картичка ги купил во Албанија за 1.000 евра, а влез остварил со албанската патна исправа.

Албанецот бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави