Search

Аларм во судот ги одложи за еден час судењата за „Монструм“ и „Крвавиот четврток“

Две судења закажани за денеска во 10 часот во новиот објект на Основен суд Скопје1 се одложени за еден час поради технички причини. Новинарите кои дојдоа да ги следат рочиштата за „Монструм“ и за „Крвавиот четврток“ наидоа на затворена врата, на која беше ставено соопштение дека двете судења се одложени за еден час.

Според неофицијални информации, во зградата се уклучил еден од алармите, па поради секоја сигурност се проверуваа зградата и се откажани судењата.

Поради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.

Вработените, обвинети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои се дојдени да ги следат рочиштата, се пред судската зграда.

 

Треба да знаете
Последни објави