Search

Акција на француската полиција во Стразбур

Француската полиција попладенво спроведува голема акција во стразбуршкиот кварт Нодорф, каде му се загуби трагата на извршителот на завчерашниот терористички напад во Стразбур, Шериф Шекат.

Како што јави дописникот на МИА, во операцијата се ангажирани припадници на специјалните сили на полицијата, а на улиците се видливи голем број полициски возила, кои го блокираат сообраќајот.

Вооружени полицајци со автоматско оружје вршат претреси по куќите.

Според полициски извори, операцијате се спроведува како дел од истрагата.

Во меѓу време, извршени е и претрес на домот на една од сестрите на осомничениот во Париз. Според информациите, во домот влегле десетина полицајци.

Треба да знаете
Последни објави