Search

Акција за чистење на езерцата во скопската Зоолшка градина

Во Зоолошката градина во Скопје, започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“.

Како што информираат од зоолошката, од утринава екипи на „Улици и патишта“ и „Водовод и канализација“, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не било исчистено повеќе од 13 години. Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера“, изјави директорот Ѓорги Галетановски.

Треба да знаете
Последни објави