Search

Актуелниот шампион на НБА убедлив против Лејкерси

Актуелниот шампион Торонто го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 107:92 во нивниот прв натпревар од рестартирањето на регуларната сезона во НБА во Орландо.

Репторс покажаа речиси совршена одбрана и ги задржаа лидерите на „езерџиите” Ентони Дејвис и Леброн Џејмс на вкупно 34 поени, а херој на вечерта беше Кајл Лори, кој забележа 33 поени, 14 скокови и 6 асистенции за 11-та последователна победа на „диносаурусите” над Лејкерс. Леброн досега не вкусил успех против овој противник, откако игра за Лејкерси.

Покрај Лори, одличен натпревар за Репторс имаше и О Џеј Ануноби, кој забележа 23 поени при 8/9 прецизен шут од поле. Паскал Сикам додаде 15 поени и 7 скокови, иако немаше ден, шутираше само 5/17, а Фред ВанФлит додаде 13 поени и 11 асистенции за успехот на Торонто.

Кошаркарите на лидерот во Западната конференција Лејкерс не успеаја да се справат со одличната одбрана на својот противник, запишувајќи само 35,4 проценти успешен шут од игра, што е нивно најслабо достигнување во сезоната. Леброн Џејмс заврши со 20 поени, 10 скокови и 5 асистенции, Кајл Кузма додаде од 16 поени од клупата,

Ентони Дејвис постигна 14 поени, но беше задржан од само 2 успешни удари од теренот, а Дион Вотерс и Алекс Карузо додадоа 12 и 11 поени соодветно.

Резултати од НБА:

Денвер – Мајами – 105: 125
Оклахома – Јута – 110: 94
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс – 126: 103
Индијана – Филаделфија – 127: 121
Торонто – Л.А. Лејкерс – 107: 92.

Треба да знаете
Последни објави