Search

Активности за одбележување на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници

 СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза и Сенки и облаци, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.

Одбележувањето на овој ден, велат организаторите, има една единствена цел, а тоа е сексуални работници, активисти, пријатели и поддржувачи да се обединат и заеднички да делуваат во насока на промена на свеста кај општата популација, за рушење на стереотипите поврзани со сексуалната работа, за намалување на стигмата и дискриминацијата кон сексуалните работници, и за подобрување на нивниот статус во општеството.

-Повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2 јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работење. На 10 јуни, во 5 часот, црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Оваа нивна протестна акција претставува почеток на меѓународното движење на сексуални работници кои се залагаат за своите права. Оттогаш, секоја година овој ден се одбележува како Меѓународен ден на сексуалните работници во Европа и низ светот, се вели во соопштението од организаторите.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржат неколку онлајн настани, како онлајн подкаст на тема „Живот под маска – сексуалната работа и работничките права”, онлајн хуманитарна аукција „Акција за Реакција”, која ќе започне на денеска и че трае до 9 јуни преку социјалната мрежа Фејсбук. Во текот на оваа хуманитарна недела, ќе се реализираат продажба на дела, фотографии, накит и гардероба, собрани и изработени од хумани автори.

Денеска ќе се одржи и театарски перформанс “Тие сме”, со сенки со учество на сексуалните работници. Сведоштва и разговори со сексуални работници за нивната работа и како општеството ги перцепира и реагира на нив.

Треба да знаете
Последни објави