Search

Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Ристеска призна вина, посочи дека се кае и вети нема повторно да го стори кривичното дело или друго кривично.

„Се чуствувам виновна за делото кое ми се става на товар. Точно е она што е наведено во обвинителниот акт. Во перидот од 2017-2018 година неовластено држев и продавав марихуана и хашиш смола, на начин како што е наведено во обвинението. Премногу се каам за тоа што го направив. Се заколнувам и ветувам дека никогаш нема да го направам истото и да сторам вакво кривично дело. Се каам од дното на моето срце и душа, за делата кои сум ги сторила. Најмногу сакам да се извинам на државните институции, а најмногу на судот, на ЈО, на полицијата, на моето семејство и сите мои мили сограѓани кои се почуствувале трогнати поради моите непромислени вулгарни постапки“, изјави Ристеска.

На активистката за легализација на марихуаната, Моника Ристеска, во месец октомври ѝ беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, а таа на денешното рочиште посочи дека деновите во затворот Скопје за неа биле тешка лекција која ја променила како личност.

„Притворот во затворот Скопје за мене беше тешка лекција која целосно и темелно ме промени како личност. Мојот разум се избистри и ги сфатив моите грешки. Сфатив дека тоа што го правев беше нескладно со мојата возраст и интелект, но и образование. Сфатив дека мојата најголема желба е да продолжам со нормален живот како порано, да оформам семејство, да се вработам, да го завршам вториот фактултет. И бидејќи се сметам за хуманитарец и личност која сака да помага на луѓето, интелектуалец, сметам дека многу можам да допринесам на нашата заедница и општество. Вината ја признавам доброволно, сама, не присилена од никого“, посочи Ристеска за време на рочиштето.

Нејзиниот адвокат Јанаки Митровски за време на рочиштето посочи дека тој смета дека 63 ноќи во затворот во Шутка воспитно влијаеле врз обвинетата, каде размислила како ќе се санкционира ако не престане со нејзиното девијантно однесување.

„Никој не завршил со штетни последици по здравјето од нејзиното однесување. Обвинетата има две дијагнози, личност со битно намалена пресметливост, а во минатото кога девијантно се однесувала имала раскинати врски со семејството, предлагам на судот да изрече алтернативна мерка, условна осуда и задолжително психијатриско лекување на слобода за обвинетата да го корегира своето однесување и воспостави својата врска со семејството чија поддршка и е потребна“, вели нејзиниот адвокат

Треба да знаете
Последни објави