Search

Активисти за човекови права ја поздравија одлуката на ЕУ за санкции против Мјанмар

Мрежата за човекови права од Бурма (БХРН) ја поздрави одлуката на Европскиот совет да воведе санкции против старешините од воената и граничната стража на Мјанмар поради наводно прекршување на човекови права.

„Поради континуирано насилство врз малцинствата како Рохингите и Бурманците, овие санкции се важен чекор, а истите ќе бидат воведени врз Генералот Мин Аунг Хлаинг,“ се вели во пишаната изјава на БХРН.

Советот најави дека планира да воведе рестриктивни мерки против против старешините од воената и граничната стража на Мјанмар поради наводно прекршување на човекови права.

Советот исто така ја изрази потребата за независен механизам за понатамошно истражување на ова прашање, како и да иницира судски процес во склад со јурисдикциите на Меѓународниот кривичен суд.

Треба да знаете
Последни објави