Search

Активистите на „5 до 12″ повторно пред Собрание

Организацијата „5 до 12″ денеска ќе одбележи 2 години од првиот камп, односно 2 години граѓански активизам за унапредување на правата на лицата со посебни потреби.

Во 11:55 часот ќе се одржи прес-конференција пред Собранието, на која симболично ќе се биде порачано дека не се откажуваат и дека ќе продолжат да бидат активни до конечно остварување на нивните барања и права.

„За времетраење на собирот ќе направиме пресек на активностите во изминатите 2 години и ќе извлечеме заклучоци за постигнатите цели. Ќе анализираме, ќе дебатираме и ќе дефинираме следни цели и стратегија за следната година. Ги повикуваме сите родители, сите лица со посебни потреби и сите оние кои до сега официјално не се приклучија кон ‘5 до 12’, да пристапат и да ни се приклучат, затоа што борбата што ја водиме нè засега сите.Нашата мисија и нашата цел нè обединуваат без разлика на пол, боја, вера или религија”, се вели во повикот.

Треба да знаете
Последни објави